Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да шират лаги, шпекулации и да прават конструкции со кои нанесуваат штета на националните и државните интереси и ги поткопуваат напорите за започнување преговори со ЕУ.
Од белата палата се повикуваат на медиумски шпекулации, без наведен извор и градат конструкции, со кои наштетуваат на државните и националните интереси.
Тоа е политички аматеризам класично антидржавно однесување.
Република Северна Македонија со Република Бугарија има потпишано Договор за добрососедство и врз основа на содржината во тој договор се одвиваат и преговорите и изнаоѓањето на решенијата за ова отворено прашање коешто трае долги години.
Од ВМРО-ДПМНЕ лажат и дека институциите молчат.
Владата предводена од СДСМ соопшти дека за време на вчерашните средби е направен позитивен исчекор, се унапреди меѓусебната доверба и дијалог и истовремено ги демантираше написите на одредени медиуми за наводно прифатени формулации за постигнати решенија.
Владата предводена од СДСМ овој процес го води транспарентно и токму затоа нема простор за никакви шпекулации и манипулации.
Опозицијата е заинтересирана само да му наштети на процесот, да го блокира, да го кочи бидејќи не е во интерес на ВМРО-ДПМНЕ да се изнајде решение и земјата да оди напред.
ВМРО-ДПМНЕ упорно стои на спротивната страна од интересите на граѓаните и на државата и наместо да даде поддршка на заложбите и напорите за започнување на преговори со ЕУ, прави опструкции, организира безидејни протести, шири лаги и конструкции.
Граѓаните знаат кој работи во нивен интерес, а кој против, затоа на ВМРО-ДПМНЕ му следи уште еден, седми, пораз на избори.