fbpx

Поцков од трибината „Најдоброто за нашата општина: Нашата визија е модерна, зелена и европска Гевгелија и тоа го реализираме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашко Поцков на трибината на СДСМ под мотото „Најдоборото за нашата општина“ се осврна на сработените проекти во изминатите 4 години, со кои се препознаваат и успешно се менаџираат потребите на граѓаните, како и на визијата за развој и иднина на општината.

Нашата визија е модерна, зелена и еропска Гевгелија, рече Поцков.

Тој истакна дека се градат патиштата и улици како во градот така и во сите 12 населени места, канализациона и водоводна мрежа од преку 10 километри, вложени се 15 милиони денари во детските градинки за реконструкција и санација на објектите, отворена е нова детска градинка во Прдејци.

Ги уредивме скоро сите постоечки паркови и урбано ги опремивме со занимливости за сите возрасти. Работиме на отварање на нов парк во близина на Мрзенци, рече Поцков.

Тој додаде дека општината создаде поволен амбиент за водење бизнис., а локалниот економски развој треба да финишира со отварање на ТИРЗ зоната Прдејци, каде општината ќе инвестира грант средства за вода и канализација.

Нашата цел е покрај познатите хотелски, светски брендови да донесеме, светски познати инвеститори да инвестираат кај нас, рече Поцков, и соопшти дека веќе е издадено одобрение за градба за Веро, Џамбо и Гудис.

Поцков истакна дека општинскиот буџет сега е стабилен, иако од претходниците од ВМРО-ДПМНЕ е наследен долг од 143 милиони денари и плус кредити од 2 милиони евра кои редовно се враќаат.

Наследивме незавршени проекти со финансова конструкција како новиот водовод, за кој да го довршиме потрошивме дополнителни 10 милиони денари. Како и изградбата на новата локална депонија за која немаше обезбедено ниту пат, ниту вода, ниту струја, рече Поцков.

Затоа СДСМ е најдоброто за нашата општина, најдоброто за Гевгелија, порача градоначалникот на Гевгелија Сашко Поцков на трибината на СДСМ

 

Последни вести