fbpx

Спасовски од трибината „Најдоброто за нашата општина“: Инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово се нула, тие се ефикасни само во криминал и корупција, понижување и пљачкање на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово направи споредба на она што ВМРО-ДПМНЕ го сработило за 12 години и она што е направено за време на владеењето на СДСМ за четири години.

ВМРО-ДПМНЕ се ефикасни во криминал, корупција, понижување на граѓаните, пљачкање на сопствениот народ, тука нема конкуренција и таква конкуренција нема да имаат, нагласи Спасовски, додавајќи дека кај нив за ефикасност не може да стане збор, освен кражбата на деценијата – Скопје 2014, со жални врби и палми и стиропор.

Белата палата останува да сведочи за тој криминален и коруптивен период на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Спасовски.

За 10 години власт на ВМРО-ДПМНЕ се изградени 40 градинки во државата за 4 години владеење на СДСМ – 59, за 10 години ВМРО-ДПМНЕ реконструираше 74 училишта, СДСМ 80 училишта за 4 години, за 10 години изградија и реконструираа 650 километри магистрални, регионални и автопатишта, ние за 4 години 1040 километри, истакна Спасовски.

Ова е бројки и факти, коишто никој не може да ги побие, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во Куманово изгради едно или две тениски игралишта од државата, од државата за Куманово во нивно време е и половина од спортска сала во земјоделското училиште и толку

За 4 години во Куманово и околните општини во патна инфраструктура се инвестирани 121 милион евра, инвестирано е во сите регионални патишта, нагласи Спасовски, наведувајќи ги меѓудругите патниот правец Куманово – Свети Николе, изграден по 40 години, Куманово-Никуштак, Куманово – Опае, новиот пат до Белановце, после 50 години целосно е реконструиран патот до граничниот премин Пелинце, по 40 години е реконструиран Искрин мост, а почнува реконструкција на мостот во Проевце.

Спасовски истакна дека СДСМ инвестира во инфраструктурата, бидејќи добра инфраструктура е основа за добар економски развој.

Ќе продолжиме и во наредниот период Куманово да го направиме модерен град, гордост на сите Кумановци, гордост на целата држава, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово.

Последни вести