Соопштение за јавност
Претседателот на ОО на СДСМ Делчево Влатко Величковски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево истакна дека политиките на СДСМ не носат само моментални резултати и придобивки, туку ќе носат во годините што доаѓаат, а од тоа бенефит ќе има целото општество.
Пред 5-6-7 години се соочувавме со несигурност, нестабилност, немање, безбедност, немање излез во општеството во кое се наоѓаме, сите баравме излез доведени во слепа улица, а сега постои сигурност, стабилност, оптимизам надеж, просперитет, иднина, нагласи Величковски.
Тој истакна дека бројките говорат за тоа, наведувајќи дека во Делчево во периодот од 2016 – 2020, во време на криза има раст од 2,5 пати повеќе исплата на поддршка за лицата за основање фирми од Агенцијата за вработување, а само во 2020 година бројот на вработени во Делчево е зголемен за 10%
Четири години по ред расте бројот на запишани деца во градинка, расте бројот на ученици во средното училиште во Делчево, бидејќи младите ги препознаа позитивните политики на СДСМ и остануваат да живеат учат и да творат во нашата општина, а не да заминат во странство, рече Величковски.
Ние сме тука, тука живееме, работиме, создаваме и нема да дозволиме колапсот што ни се случуваше години наназад да ни се повтори, порача претседателот на ОО на СДСМ Делчево Влатко Величковски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево.