fbpx

Спасовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево: Со кочења и блокади ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе никаков напредок, тоа е нереформирана партија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема боја што сокрива криминал и предавства што ВМРО-ДПМНЕ и ги нанесе на сопствената држава, на сопствениот народ, посочи вечерва во Делчево потпретседателот Оливер Спасовски говорејќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“.

– Истите луѓе кои беа левата и десната рака на криминалците Груевски и Мијалков денес велат дека се реформирале само затоа што ги смениле боите. Граѓаните немаат верба во луѓе кои самите себе не можат да се реформираат. Немаат верба во луѓе кои од ден на ден стануваат се поголеми кочничари. Во сред пандемија кочеа изградба на модуларни болници низ државата, сега го кочат проектот за изградба на нов Клинички центар, кочат закони важни за граѓаните. Со такви луѓе кои само кочат, не може да се очекува никакво напредок, посочи Спасовски.

Потпретседателот Спасовски истакна дека тоа граѓаните го препознаваат и затоа СДСМ е фаворит, затоа што граѓаните знаат дека само СДСМ може да го донесе најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата

Последни вести