fbpx

Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово: Имаме силна поддршка од сојузниците, решенија ќе бараме низ дијалог со заштита на македонските идентитетски линии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никогаш нашата земја немала толку силно изразена поддршка од целиот свет како што ја имаме денеска и почитта што ја добиваме како народ, истакна претседателот на СДСМ во своето обраќање на трибината „Најдоброто за нашата општина“ која вечерва се одржува во Валандово.

На Преспа форумот дојдоа светски државници, лидери и општественици кои дадоа почит на сето ова што го правиме во Северна Македонија. Постигнавме убав баланс со едно општество за сите, за да има мир и соработка, а преку тоа да има посилна економија и повиоск животен стандард.Историски проблеми решававме во овие четири години. Постигнавме договори со Грција и Бугарија, ги отворивме вратите, станавме членка на НАТО, денес сите земји членки на ЕУ зборуваат позитивно за Република Северна Македонија и сите 26 земји членки денес разговараат со Бугарија за да станеме земја членка на ЕУ. Денес сме НАТО, трајно е обезбедена нашата безбедност, нашиот територијален интегритет и го заштитивме идентитетот, порача претседателот Заев.

Претходно, додаде Заев, за сите бевме ФИРОМ, а денеска за сите, за целиот свет вклучително и за Грција сме Македонци со македонски идентитет.

– Блокадите на Бугарија ја кренаа нашата слава. Денеска Северна Македонија е поддржувана како никогаш претходно, за секоја наша идеја, за секој наш проект имаме поддршка и од САД и од Европа. Јас сум убеден дека низ духот на пријателството, внимавајќи целосно на нашите идентитетски линии, ќе изнајдеме решение, затоа што во наш прилог е соседите да ни бидат пријатели, прашањата да ги решаваме низ дијалог, а не со кавги и конфликти, каде народот ја плаќа сметката, заклучи Заев.

Последни вести