fbpx

Претседателот Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“: ВМРО-ДПМНЕ не решија ниту едно стратешко прашање, туку грабаа од граѓаните се што можеa

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ви го нудиме најдоброто, видовме 11 години која е алтернативата на СДСМ и коалицијата, точно е дека и ние не сме сјајни, имаме свои грешки но во споредба со нашите опоненти сме како небо и земја, има разлика како од тука со месечината, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово.

Тој додаде дека не решија ниту едно стратешко прашање, здиплија се што можеа во државата, како гусари освојувачи доаѓаа да зграбат се што може и да избегаат.

Споменици не се градеа затгоа што Груевски веруваше во Александар Македонски, туку затоа што за нив нема тендери, а вредноста е уметничка, ако оцениш еден милион, чини милион, ако оцениш сто милиони, сто милиони, а народот немаше за леб, истакна Заев.

Има разлика во политиката и затоа барам заедно да продолжиме со ваквите политики, не и било лесно на Македонија, не и е ни денес, но чекориме напред, тоа е поздравено во светот, поздравено е и дома, затоа и сме фаворити на овие избори, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово.

Последни вести