fbpx

Изградени 44 нови градинки и сместување за 3.000 деца низ целата држава, градиме и се грижиме за најмладите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е одговорна партија на власт и грижата за децата и е врвен приоритет. 

Вложувањето во младината е вложување во подобро утре, влог за младина со визија. 

И во време на оваа криза со глобалната пандемија на КОВИД-19 инвестициите во инфраструктурата продолжуваат.

Изминатиот период Владата предводена од СДСМ инвестираше во 44 градинки и објекти за ран детски развој и создаде услови за квалитетно сместување на 3.000 деца од предучилишна возраст. 

Дополнителни 15 милиони евра се обезбедени за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки коишто ќе значат нови 7.500 места за згрижување на деца во градинки.

За само две години се изградија и реновираа повеќе од 70 објекти, градинки и детски центри во целата држава, во градовите и во руралните средини.

Поради зголемениот број на жители, градинки се изградија во Општина Карпош со локација во Бардовци, во Тафталиџе, Општина Аеродром, Сопиште  и Чаир. 

Нови објекти се изградија и во Куманово, Кичево, Велес, Неготино, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Пробиштип, Конче, вклучително и градинки во руралните средини во дел од истите општини односно, во село Џепчиште-Тетовско,Караслари-Велешко и село Чегране-Гостиварско.

 

Вложувањето во градинки, центри за детски развој, мали групни домови, училишта ќе продолжи и по победата на 15 јули.

 

 

Последни вести