fbpx

МојДДВ им врати 10,7 милиони евра на граѓаните, концептот парите назад кај граѓаните СДСМ ќе го реализира и по победата на 15 јули

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ како одговорна партија на власт изгради концепт за враќање на парите назад на граѓаните, којшто се реализира преку повеќе мерки и проекти.

Една од мерките е и поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, односно МојДДВ преку која од стартот во јули 2019 година до март 2020 година, односно за 9 месеци на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра.

Од самиот почеток мерката МојДДВ покажа дека ги оправдува целите за кои е наменета. Парите назад кај граѓаните и намалување на сивата економија.

Повратот на ДДВ кај граѓаните, од тримесечје во тримесечје е повисок и директно влијае на сузбивањето на неформалната економија.

За периодот октомври-декември 2019, повратот е повисок за 35,8% во однос на претходното тримесечје, додека за перидотот јануари-март 2020, повратот е повисок за 37.8% во однос на претходното тримесечје.

Отсега МојДДВ ќе придонесе и за ревитализирање на домашната економија. Граѓаните кои ќе купуваат и скенираат сметки за домашни производи, наместо 15% ќе добиваат 20% поврат на ДДВ, додека за останатите производи, повратот ќе изнесува 10%.

Концептот парите назад кај граѓаните и натаму останува еден од главните приоритети на СДСМ што ќе го продолжи и по победата на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Последни вести