Соопштение за јавност
Истокот од најзапоставен регион во државата стана регион во кој најмногу се инвестира, се вложува и тоа го гледаме на дело секој ден, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.
Тој нагласи дека во време на СДСМ отстранети се сите пречки и изграден е автопатот Скопје-Штип, изграден е експресниот пат од Три Чешми до Крупиште, а во петок ќе биде пуштен патот од Крупиште до Пробиштип, еден од главните приоритети, битен инфраструктурен капитален проект, особено за Пробиштип.
Се гради низ целата трета изборна единица, се гради низ целиот Исток, се гради експресниот патот од Ранковце до Крива Паланка, од Крива Паланка до Деве Баир, се гради експресниот пат накај Кочани, се изградија сите регионални патишта во регионот и се она што го правиме се прави после 30, 40, 50 години, нагласи Николовски.
Истокот не смее да скршне од овој курс од овој прав пат, затоа мора да продолжиме со поддршка на најдобрите концепти, на најдобрите кандидати, на најдобрите програми, а тоа го нуди СДСМ, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип