Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, придружуван од градоначалиникот Саша Богдановиќ, и претседателот на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски. попладнево беше на маалска средба со граѓаните на општина Центар, со кои разговараше за досегашните мерки и политики на СДСМ на централно и локално ниво, но и ги слушна потребите и забелешките на граѓаните со цел да се создаде најдобрата понуда за општина Центар.
„Во овие четири години покажавме што значи вистинска грижа за секој еден граѓанин, без разлика на која категорија припаѓа, без разлика дали живее во центарот на Скопје или во некое рурално населено место, инвестиравме подеднакво насекаде, помогнавме на секого. Минималната плата ја зголемивме за повеќе од 6.000 денари за четири години, просечната плата во мај оваа година е 28.721 денар и забрзано се движи кон 30.000 денари. Растат пензиите, но расте и помошта од државата кон младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, посочи Битиќи додавајќи дека ако претходно се трошеле стотици милиони евра за браок, споменици и палми во центарот на Скопје, сега се инвестира во капитални проекти во секоја општина.
Осврнувајќи се на претстојните локални избори Битиќи посочи дека СДСМ и на овие локални избори како за општина Центар така и за другите општини ќе излезе со чесна понуда на кадри и програма и ќе ја потврди фаворитската улога која е проектирана и преку бројни анекти.
„Општина Центар ќе продолжи да се развива, затоа што вие граѓаните, повторно ќе ја одберете најдобрата кадровска и програмска понуда на СДСМ, понуда на реални и остварливи проекти, понуда на концепт што гарантира напредок на вашата општина. Повеќе пари кај граѓаните, повеќе инвестиции и еднаков развој на секое населено место, на секоја општина. Тоа е Најдоброто, тоа е рецептот за нови успеси и победи“ заклучи Битиќи на средбата со граѓаните во општина Центар.