fbpx

Млади локално заедно во Гевгелија: Младите носат промени на подобро за секоја општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение на СДММ

Млади локално заедно“ повторно на терен вчера домаќин ни беше ЛК Гевгелија, каде заедно со ЛК Валандово и ЛК Дојран направивме една продуктивна дружба од која произлезе уште една плодна дискусија.

Ве охрабрувам и јавно ве повикувам да споделите со нас се’ она што сметате дека треба да се промени и подобри, зашто алатките се во наши раце. Од нас зависи колку посветено ќе се фокусираме на тоа да ја направиме Северна Македонија држава која има услови за просперитет на младиот човек.

Слободно земете ги за пример и за цел државите во светот кои се репер по ова прашање и верувајте дека со здружена и посветена работа МОЖЕМЕ и ние да станеме слични на нив. Само со добра идеја, вистинско решение и цврста волја, за која одговорно тврдам дека ја имаме, можеме да го оствариме се она што ќе го зацртаме како краткорочна, па и долгорочна цел. – се обрати пред присутните претседателот на СДММ, Марко Михаилоски.

Дека не постојат погрешни идеи и предлози и дека секое едно мислење се зема предвид и се разгледува, социјалдемократската младина веќе цели два месеца преку својот караван „Млади локално заедно“ ја потврдува сопствената отвореност и транспарентност.

Меѓу најзначајните достигнувања на младината, изминатиот период, се издвојуваат донесениот Закон за млади кој гарантира младински службеник во секоја општина, измената на законот за субвенциониран младински оброк кој на редовните студенти им обезбедува 2400 денари репрезентативни трошоци за храна и последно најново – покачување на студентските стипендии за 100%.

СДСМ во сиот овој период на своето сегашно владеење активно се залага и работи на подобрување на животниот стандард на младиот човек во државата и се обврзува дека и понатаму ќе продолжи со ова темпо.

Последни вести