fbpx

СДММ со својот караван „Млади локално заедно“ во Радовиш: Не запираме со креирањето на квалитетни младински политики што носат напредок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност на СДММ

Локалните клубови на социјалдемократската младина од Радовиш, Струмица, Босилово, Василево и Ново Село имаа прилика да ги слушнат плановите на својата СДММ како и да ги споделат своите предлози и идеи кои сметаат дека треба да се реализираат во нивните општини.

Оваа можност која ни е дадена, за составување на сопствена младинска програма за претстојните локални избори која ќе се вметне во централната, е одлична шанса да ѝ покажеме на јавноста каква слика сакаме да креираме за општеството во кое живееме и да докажеме дека сме спремни таа замисла да ја оствариме, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски.

Само со вакви дискусии, со целосна отвореност за критики, решенија, но и со многу посветеност и големо внимание кон тоа што го работиме, може да ја направиме разликата кон подобро од она што го имаме денес. Периодов сме сведоци дека нашите заложби полека, но сигурно се пласираат како реализирани проекти, донесени мерки и изгласани закони. Законот за млади, субвенционираниот студентски оброк и покачувањето на студентските стипендии се само дел од она за кое ние како младина се изборивме и сега овде пред сите вас се обрзувам дека нема да запреме овде. На нас чекаат уште многу успешни приказни кои заедно ќе ги пишуваме, продолжи Михаилоски.

СДММ после цели два месеци поминати на терен со младите од целата земја, ги брои последните трибини со караванот „Млади локално заедно“. Концептот на трибините за генерирање на идеи и предлози од секој млад човек ќе резултира во младинска програма на локалните избори на кои СДСМ во добар дел од општините ќе настапи со кандидати за градоначалници и советници кои ќе бидат од редовите на својата младина.

Последни вести