fbpx

„Млади локално заедно“ во Крушево: СДММ гради младински политики кои го даваат најдоброто за младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение на СДММ

Караванот „Млади локално заедно“ на СДММ на работна средба со младите од Крушево, Прилеп и Кривогаштани каде ја претстави својата визија за периодот кој следи.

На нас младите чекаат промените. Ние сме олицетворението на разликата која сакаме да ја направиме во нашето општество. Со нас почнуваат промените и ние ги движиме работите напред. Го можеме тоа и сигурен сум дека ќе успееме. Токму како што успеавме да си изгласаме Закон за млади, токму како што загарантиравме 2.400 денари за секој редовен студент за хранарина, токму како што ги покачивме студентските стипендии, поради ова сум уверен дека имаме сила за уште повеќе. Укажаната прилика да си составиме своја младинска програма за локалните избори во октомври треба најрационално и паметно да се искористи. Сега е моментот кога се’ она што го имаме како идеја, предлог и иницијатива може да го ставиме на лист хартија и да биде наша водилка и зацртана цел за остварување, рече пред младите во Крушево, потпретседателот Никола Јакимовски

СДММ, цели два месеца е на терен меѓу своите млади, во посета на секој локален клуб, со намера да го запише секој конструктивен предлог и сечие различно размислување. Трибините на караванот „Млади локално заедно“ се главниот механизам на составувањето на младинската изборна програма со која СДММ ќе настапи на локалните избори.

Последни вести