fbpx

Секој од нас има обврска да ги почитува мерките, мораме да дадеме поддршка на здравството во борбата со коронавирусот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Секој граѓанин е еднакво важен во битката со коронавирусот, само со почитување на мерките за заштита на здравјето им помагаме на здравствените работници
 
Само заедно, со почитување на мерките за заштита на здравјето, само ако секој од нас е многу внимателен и одговорен, ќе успееме да го спречиме ширењето на коронавирусот и ќе се заштитиме.
 
Здравствените работници не можат сами, граѓаните мора да помагаат преку почитување на мерките.
 
Секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот и за да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје, мора да одржуваме физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираме; да носиме заштитна опрема-маска, марама, шал, секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не можеме да ја одржиме дистанцата; редовно да вршиме дезинфекција и да ги миеме рацете.
 
Задолжително е носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично. 
 
За да помогнеме да се пресече патот на вирусот на лекарите им требаат точни податоци. Секој кој има симптоми на коронавирус, мора веднаш да ги сподели со епидемиолозите и точно да одговори на прашањата на епидемиолошката анкета. Ова е најдобар начин да се заштитиме себе, другите околу нас но и сите граѓани.
 
Ви благодариме што ги почитувате мерките.  Само заедно ќе успееме да го вратиме животот во новото нормално.
Последни вести