Соопштение за јавност
Системското функционирање на институциите, хиерархиската поставеност, координацијата со меѓународните сили и солидарноста дадоа резултат, пожарите да бидат ставени под контрола, да се локализираат и изгасат.
Пожарникарите, војниците, полицајците, шумарските служби, доброволците од земјава и странство, институциите како и помошта од нашите пријатели од странство се најзаслужи за тоа, и сите ние им благодариме.
Голема е загубата, особено во делот на нашите шуми, но во брзо време ќе ги возобновиме. Исклучително е важно е дека се заштитени луѓето, куќите, имотите на граѓаните.
За жал, како и за време на ковид кризата, единствено политичкиот пироман Христијан Мицкоски и неговата деструктивна и загубена ВМРО-ДПМНЕ одмагаа и се се обидоа да профитираат од пожарите.
На ист начин како што се обидуваше да ги манипулира граѓаните со конструкции, обвинувања и измислици дека јавното здравство нема тестови, лекови и знаење да се справува со корона кризата, сега ги омаловажуваше напорите на институциите да се справуваат со пожарите.
Оваа деструктивност и некрофилност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена за што им следува нова казна од граѓаните.