Соопштение за јавност
Спасовски со граѓаните на општина Врапчиште: СДСМ, со најдобрата понуда, е победник на локалните избори
Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски заедно со пратеничката Фаница Николоска во попладнево се со граѓаните од населените места Зубовце, Градец и Галате, општина Врапчиште.
На средба со граѓаните Спасовски посочи дека СДСМ е постојано на терен, помеѓу граѓаните и работи исклучиво во интерес на секој наш граѓанин. Зад СДСМ стојат реални реализирани мерки, проекти и политики, како на централно така и на локално ниво.
„СДСМ е фаворит на овие локални избори, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда која граѓаните ја препознаваат, врз основа на она што го сработивме изминатите четири години, а сработивме многу во сите области. Четири години работиме посветено, домаќински и одговорно во водењето институции. Успешноста на нашите економски политики резултира со постојан раст на минималната и просечната плата. За само 4 години за 6.000 денари ја покачивме просечната плата, што значи повеќе пари за работниците, за семејниот буџет. Ги покачивме и пензиите, невработеноста ја намаливме на рекордно ниски 16%. Тоа е разликата помеѓу нас и деструтивната опозицијата. СДСМ враќа пари назад кај граѓните ВМРО-ДПМНЕ блокира и кочи“. истакна Спасовски на средбата со граѓаните.
И општина Врапчиште е пример дека ширум државата се инвестира, се гради, дека за нас секој човек е важен, додаде Спасовски.
-Реконструирана и проширена е водоводната мрежа во Врапчиште, направен е локален пат кој го поврзува селото Градец со регионалниот пат, опремени се детските градинки во Врапчиште, Неготино и Добри Дол, во општина Врапчиште, рече Спасовски.
Тој нагласи дека СДСМ ја креира и реализира политиката едно општество за сите, наместо поделби, градиме држава на рамноправни граѓани со исти права и одговорности, што особено е значајно во мултиетнички средини, како што е Врапчиште. Нашите политики и нашиот концепт кој води напред, заедно со силната поддршка од граѓаните, го максимализираат и коалицискиот капацитет на СДСМ, што е додадена вредност и уште една потврда за фаворитската позиција на локалните избори.