fbpx

Николовски на ТВ 21: Нема причина за одлагање на изборите, СДСМ ја има најдобрата понуда, најдобри кандидати, концепт што води напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Покажавме дека можеме да организираме безбедни избори по здравјето во време на коронавирусот и такви ќе бидат и претстојните локални избори, порача вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски во емисијата „10 минути“ на Телевизија 21

„Нема причина да се одлагаат изборите во период кога се зголемува бројот на вакцинираните, кога младите се мотивираат да се вакцинираат и на тој начин се намалува притисокот врз здравствениот систем. Минатата година, докажавме дека може да имаме безбедни и сигурни избори во време на коронвирус и и такви ќе бидат и овие локални избори – целосно безбедни по јавното здравје“ порача Николовски.

Осврнувајќи се на настапот на изборите, генералниот секретар Николовски посочи дека СДСМ е фаворит на овие избори, меѓу другото и поради тоа што има најголем коалициски капацитет.

„СДСМ има најголем коалициски капацитет, заради одговорните, европски модерни политки. Со ДУИ постигнавме стабилен цврст договор уште минатиот август и врз основа на тој договор е и настапот на локалните избори. Она што е јасно дека и СДСМ и ДУИ и БЕСА и другите коалициски партнери во владата ќе освојат јасна и прецизна победа, затоа што имаме најдобри кандидати и програма, затоа што имаме најдобар концепт кој води напред.“ заклучи Николовски.

Последни вести