fbpx

Мицкоски е неодговорен, тој е опасен за здравјето на граѓаните, изборите се решение за однесувањето на неговите кадри во преодната влада

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Христијан Мицкоски

 

 

 

 

Мицкоски е незрел и неодговорен, тој е опасен за здравјето на граѓаните, изборите се решение за однесувањето на неговите кадри во преодната влада

Христијан Мицкоски е незрел и неодговорен. Така се однесува за време на оваа глобална пандемија со коронавирусот, така се однесуваше и во изминатите 2,5 години.

Со своето неодговорно, незрело однесување Мицкски го загрозува здравјето на граѓаните.

Додека институциите се бореа со вирусот тој неодоговрно тераше политиканство, ширеше паника и лажни вести. Мицкоски лажеше дека нема доволно тестови, ширеше лажни вести дека 140 илјади граѓани останале без работа, додека негови слики од теретани и прошетки на Водно се ширеа по социјалните мрежи.

Јасно му е и на Мицкоски дека граѓаните жестоко ќе го казнат неговото незрело однесување во време на сериозна здравствена криза.

Христијан Мицкоски очигледно сака да нема избори, зашто кога и да се случат ќе изгуби.  

Какви било идеи за избори среде лето или на есен се небулозни и опасни. 

Избори среде лето ќе го загрозат гласачкото право на граѓаните, односно ќе предизвикаат кофликт на правото на глас со правото на одмор.

Ние не смееме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови. 

Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето.

И обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумни идеи за избори да се организираат среде лето, кога најголем дел од граѓаните одат на одмор.

Избори на есен се опасна идеја по здравството и економијата. Државата не смее да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент. Овие две инститиции мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со Ковид-19.

Но ништо од тоа не е важно за Мицкоски, нему му е важно државата што подолго да е без институции со полн капацитет. Важно му е само неговиот Наќе Чулев да биде технички министер за да може да го штити за прекршувањата на мерките за да може да се обидува полицијата да ја злоупотребува во партиски цели.

Затоа изборите се решение а не проблем. Тие се решение за незрелото и несериозно однесување на Наќе Чулев и сите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада.

Избори се потребни за функционални институции кои ефикасно ќе се справат со сите последици од коронавирусот и подготвени ќе го дочекаат новиот бран на пандемијата најавен за наесен.

Последни вести