fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше земјоделците и како власт и како опозиција, СДСМ покажува вистинска грижа за земјоделството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ партијата која 11 години како власт ги манипулираше и лажеше земјоделците, денес тоа го прави и како опозиција, работејќи на штета на земјоделството како една од клучните стопански гранки.

Вистината е друга од она што денеска го тврди Цветан Трипуновски. А токму таа вистина е болна за ВМРО-ДПМНЕ.

Факт е дека Владата предводена од СДСМ исплати субвенции што ВМРО-ДПМНЕ ги должеле од 2011 година. Рекордни трансфери на субвенции има за 2019 и 2020 година.

Вкупно се исплатени над 15 милиарди денари. Како никогаш досега субвенциите се плаќаат за една календарска година и тоа кога им се најпотребни на земјоделците. Без разлика на последиците од Ковид пандемијата дополнителни средства беа обезбедени за лозарите и тутунарите.

Само минатиот месец се исплатени над 3 милјарди денари за субвенции, нешто што беше незамисливо во време на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ може да учи што значи вистинска грижа за земјоделците, нешто што СДСМ во континуитет го покажува во овие четири години.

Последни вести