Соопштение за јавност
Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата Наќе Чулев, во време на епидемија со коронавирусот, се однесува неодговорно и несериозно, а приоритет му е одбрана на неговиот шеф Мицкоски за случајот со теретаната, а не заштита на јавното дравје
Изјавата на Чулев дека граѓаните не треба да бидат казнувани заради непочитување на мерките и задолженијата придонесе за масовно непочитување на мерките од страна на граѓаните.
Полицијата предводена од Чулев не презеде ништо ни кога се прекршуваа забраните за собири, кога масовно се прекршуваа забраните за движење, а и самиот Чулев организираше јавни собири без почитување на мерките.
Сега, за жал, стигнува сметката за неказнувањето и неработата на Чулев преку зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во земјата.
Ова е само уште еден доказ за несовесното и незрело однесување на Чулев и ВМРО-ДПМНЕ кои на овој начин дејствуваат против јавното здравје. Чулев по налог на Мицкоски не само што не помага, туку и одмага во борбата против коронавирусот.
Изборите се решение за незрелото, неодговорно и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и неговите кадри во техничката влада.
На државата и се потребни институции со полн капацитет кои ефикасно ќе се справат со последиците од актуелната пандемија, но и ќе бидат подготвени за новиот бран кој по сите најави се очекува наесен.