Соопштение за јавност
Третиот пакет економски мерки, во вредност од 355 милиони евра, со директна финансиска поддршка ќе ја зголеми куповната моќ на 730.000 корисници и ќе им го олесни животот во време на криза, а истовремено ќе овозможи заживување на македонската економија и ќе стимулира раст и промоција на домашните производи и услуги.
Првиот столб од третиот пакет на економски мерки усвоен од Владата предводена од СДСМ ги опфаќа сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица.
Ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра, ќе добијат 100,000 граѓани, односно сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи, според УЈП.
Третиот пакет мерки предвидува и парична поддршка за млади од 100 евра за покривање на партиципација за Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци. Младите ќе добијат и платежна домашна картичка од 50 евра, за домашни производи и услуги.
Ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини, ќе добијат до 10,000 млади до 29 години, кои ќе посетуваат академии во земјава за дигитални и ИТ вештини, кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.
Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, кои ќе ја трансформираат нашата економија и ќе ја направат поконкурентна.