fbpx

Шилегов во Шуто Оризари: Скопје е град за сите, заедно со граѓаните ја пишуваме новата програма

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов заедно со кандидатот за Градоначалник на Општина Шуто Оризари Ферат Асан вечерва одржаа маалски средби со граѓаните од оваа општина.

Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека во Шуто Оризари се инвестира за прв пат по подолго време.

– Ја реконструиравме улицата Индира Ганди во должина од 1900 метри од крстосницата со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија до раскрсницата со ул. Нов Живот, а во моментов се реконструира и третата фаза од истата улица во должина од 800 метри. Во рамките на програмата за одржување на сообраќајници на ЈП Улици и патишта преку меѓуопштинска соработка реконструирани се и делови од улиците Рељо, Кипарска, Брегалничка, Демирхисарска, Вашингтонска, Карабуница, Злетовска и други, посочи Шилегов.

– Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализационата мрежа во висина од 13,5 милиони денари. Реализиравме партерно уредување, зазеленување и поставување на урбана опрема во дворот на училиштето Шаип Јусуф и асфалтирање на спортското игралиште во висина од 6,5 милиони денари, додава Шилегов.

Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Шуто Оризари засадени се околу 500 садници и озеленети се 210 жардињери.

– СДСМ работи и ќе продолжи да работи заедно со граѓаните на секој град на секоја општина, на секое населено место, граѓаните од секоја етничка заедница. Заедно ќе ги креираме мерки и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите. Тоа е нашиот пристап, така ние знаеме и можеме. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна, посочи Шилегов.

СДСМ продолжува со маалските средби со цел заедно со граѓаните создаде понуда која ќе биде најдобра за секоја општина, за секој град.

Последни вести