fbpx

СДСМ гради едно општество за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ дели и сее омраза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ со храброст и визија го иницираше и го спроведува концептот „Едно општество за сите“, концепт кој се темели на толеранција, социјална правда, еднакви можности и одговорности за сите граѓани.

СДСМ како репрезент на сите етнички заедници во државата, посветено работи на унапредување на меѓучовечките и меѓуетничките односи.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за поделба на граѓаните по сите основи. 11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт поттикнуваше меѓуетнички тензии, ги делеше граѓаните на патриоти и предавници, поттикнуваше раздор и омраза.

Лажен е нивниот концепт „Македонија за сите луѓе“, во него не веруваат ниту во белиот дворец, тоа е само неуспешен полулистички обид да се копира концептот Едно општество за сите кој СДСМ со години го спроведува суштински и темелно.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ, меѓу концептот едно општество за сите, кое носи прогрес и иднина за сите граѓани и неодговорниот однос, поделбите и раздорот што ги создава ВМРО-ДПМНЕ, кои водат само надолу во провалија.

Затоа тие на претстојните избори ќе застанат зад најдобрите политики на заедништво и соработка на СДСМ и уште еднаш ќе ги поразат поделбите што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести