fbpx

И самиот Мицкоски призна дека нема понуда за Град Скопје, свесен е за поразот што го чека низ цела држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вечерва Христијан Мицкоски самиот си потврди дека нема понуда за Град Скопје па затоа мора да се затскрива зад наводна независна кандидатка.

И самиот Мицкоски е свесен дека го чека пораз на претстојните локални избори како во Скопје така и низ најголемиот број на општини.

Мицкоски може да блефира колку сака, факт е дека на неколку дена пред крајниот рок, има проблем да најде кандидати за градоначалници кои ќе се нафатат да го понесат извесниот пораз.

Тоа е така затоа што граѓаните знаат дека во понудата на Мицкоски покрај деструкции и лажни вести има стари истрошени кадри луѓе на Груевски кои биле дел од режимот.

Граѓаните и овој пат ќе застанат зад концептот на СДСМ кој е гарант да продолжат развојот на општините и напредокот на државата на секое поле.

Последни вести