Соопштение за јавност
Актуелниот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илиев е кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник за претстојните локални избори.
Со тоа ја комплетираме понудата од 69 кандидати за градоначалници.
Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илиев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години.
Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илиев и СДСМ на чело на
општината.
Граѓаните знаат и чувствуваат дека работите се менуваат на подобро, затоа ја даваат поддршката на СДСМ, затоа коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ е фаворит на претстојните избори.
Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ е гарант дека ќе продолжи развојот на Кочани, развојот на општините и регионите, гарант дека ќе продолжи напредокот на државата.