Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел на Канал 5 телевизија истакна дека на една страна стои победничката коалиција предводена од СДСМ која работи за иднината на граѓаните и државата а на другата е неприродна коалиција.
Од другата страна имаме една коалиција, што ја нарековме политички брак, кој што ќе доживее развод, затоа што не е природна, затоа што има спротивставени ставови во најкрупните прашања, истакна Заев, додавајќи дека таа коалиција на ВМРО – ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива е направена за политички цели, односно да се направат максимални обиди за максимално исполнување на желбата да се биде власт.
Тој додаде дека тоа е коалција за 27 април и запраша дали тие ги имаат истите статови за меѓународните договори, за еднаквоста и правата на етничките заедници.
Зборувам и работам за иднината на граѓаните и државата не се занимавам со невистините на Мицкоски, ние ќе победиме и на градоначалнички места во вкупен број, и во вкупен број на советнички места и во вкупен број на гласови и во градот Скопје, порача Заев во ТВ дуелот.