Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се водат исклучиво од партиски интерес и не водат воопшто сметка за интересот на граѓаните и на државата, оцени заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на вечерашното гостување на ТВ 24.
„Сите аргументи на Мицкоски од пред две недели за изборниот датум се избиени, денеска слушнавме дека ВМРО-ДПМНЕ немала програма, па затоа требало да ги одложиме изборите. Јасно е дека единствениот проблем е дека прво треба да чекаме да напишете програма и дека не сакате избори сега ама може нема да ги сакате ни во септември, ќе дојдеме во септември па истово ќе го зборуваме. Јас само сакам да ви покажам дека еден пример е доволен да и покаже дека едно зборувате а друго правите и дека оваа грижа е лажна грижа, злоупотреба на граѓаните за политички интерес.“, оцени Шекеринска.
Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на здравствената криза е контрапродуктивна и единствено што прави е шири лажни вести, кочи и блокира, се заканува со кривични пријави, обвинува, а притоа не сака да оди на избори.
„Дополнителната заменик-министерка за финансии кочи пари што треба да ги добиеме од Светска банка за да им се помогне на социјално загрозените лица, тоа е донесување на директна штета на граѓаните. Во повеќе наврати тоа се случува. Како Влада се трудиме да обезбедиме средства, да им помогнеме на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ блокира. ВМРО-ДПМНЕ зборува за предизборен поткуп, партијата што правеше изборен поткуп на секои изборни циклуси“, рече Шекеринска.