Соопштение за јавност
Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се’ само за да не се соочат со волјата на граѓаните.
Мицкоски отиде до таму, што се дрзна свесно да ја лаже јавноста, кога ја посочи Словачка како земја без функционални институции во времена криза и која сепак ги одложила изборите.
Оваа свесна лага на Мицкоски, ја покажа неговата несериозност, незрелост како политичар, но и потценувачкиот однос кон јавноста и граѓаните.
Словачка, која е земја членка на ЕУ и НАТО одржа парламентарни избори на 29 февруари годинава и има функционален парламент кој одржува сесии секојдневно.
СДСМ како одговорна партија, водена од интересите на граѓаните и државата, смета дека токму во овој момент, повеќе од кога било, потребни се функционални институции, активно Собрание, здрав целокупен систем за нов економски развој и пред се, за заштита на здравјето на граѓаните.