Соопштение за јавност
Во иминатите четири години ги реализиравме сите капитални проекти што ги ветивме пред граѓани и уште 200 други проекти од Програмата чија реализација е 80 отсто, порача вечерва кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски.
Наумоски пред граѓаните истакна дека во новата Програма за следните четири години има над 200 нови проекти за секое населено место, за секое маало, проекти што ќе влијаат на унапредување на квалитетот на живот во општината.
„Покрај Клиничкиот центар, за првпат градиме ново основно училиште во општината, во населбата Александрија со најсовремена спортска сала која ќе исполнува услови за меѓународни натпревари. За овој проект ќе издвоиме околу 3 и пол милиони евра, во него ќе учат 500 деца од Ѓорче Петров.
Ново Село добива нова детска градинка, инвестиција вредна 800.000 евра, со капацитет за 150 деца проектот е прифатен од Министерството за труд и социјална политика. На местото на урнатата градинка во Дексион имаме проект да се изгради нова детска градинка со капацитет за 150 деца, здравствен објект и мини трговски центар со катна гаража.
Лепенец мора да добие кеј со спортско-рекреативна зона, со тоа го решаваме хаосот со депонии долж реката и добиваме кеј поубав од оној во Скопје. Градиме нови спортски сали во Хром и Никиштани. Го решаваме слабиот притисок на вода во ниските зони од Јурија до Хром, со изградба на нов резервоар во Оризарски Рид. Имаме проект за Кучково како наш бисер за чист воздух и рекреација со видиковци и мапирани вело и пешачки патеки и развој на манастирски туризам. Нов проект за водовод во Кучково“ порача Наумоски.
Канидатот за градоначалник Наумоски истакна дека поддршката од граѓаните е очигледна и дека на 17 октомври во Ѓорче Петров победува СДСМ, победува Најдоброто.