Соопштение за јавност
Хамдија Елезовиќ има тим, има визија, има конкретна програма што гарантира напредок и уште позасилен економски развој на Тетово, порача вечерва претседателот Зоран Заев во Тетово.
Во програмата, додаде Заев, се наведени реални, остварливи проекти, меѓутоа за Тетово имаме и стратешки инвестиции кои ќе донесат нови огромни можности за забрзан економски раст.
„Еден од најголемите проекти ќе биде скијачкиот центар Попова шапка вреден 100 милиони евра. Ја имаме најуникатната дестинација во Европа, каде што подножјето на СЦ е голем град, насекаде во светот се само рурални средини. Со гондоли ќе го поврземе комплетно Тетово, ќе изградиме комплетен скијачки центар со најмалку три меѓународно бренд нејм хотели на чело со Кемпински. Вкупно инвестицијата е 100 милиони евра а ќе ја гради преку патот на стратешка инвестиција најголемата европска компнија за скијачки центри. Во втора фаза сме на преговори со самата компнија, се надевам дека многу брзо самата компнија во наше присуство тоа ќе го објави. Но, убеден сум од сите наши потенцијали кои ни постојат овде на Шапка, кои ги потврдија врвните стручњаци од компанијата иден партнер на државата дека ги даваат сите одговори за да имаме извесна реализација на овој проект.
Вториот по големина проект е стратешката инвестиција со ЕКОЛОГ, во таа инвестиција вредна 300 милиони евра имаме болница, комплетно реконструиран фубдалски стадион и нови деловно-станбени површини. Проектот е европски, најевропски што можел да го види регионот. Верувам дека со семејстовто Дестани ќе го постигнеме договорот најбрзо можно за да се израдуваме и на овој проект“ посочи Заев.
Претседателот Заев најави и стратешки инвестиции и во заштита на животната средина и подигнување на квалитетот на живот на сите граѓани во Тетово и Полошкиот регион.
„Третиот проект е пречистетелна станица за отпадни води во Тетово, проект вреден 50 милиони евра заедно со колекторот. Веќе 85 отсто од средствата се обезбедени се знае од кого, од тие кон кои се залагаме, ЕУ. Потврдени се парите, 15% се пари од буџетот, од ваши пари и Тетово во следниот мандатен период ќе добие пречистетелна станица во нашата земја. Четвртиот проект е регионалната депонија за Полошкиот регион за којшто веќе преговараме, ги имаме изработено сите појдовни елементи и документи и сум убеден дека во првите две години од следниот мандат на д-р Хамдија и оваа советничка група ќе го реализираме овој толку насушно потребен проект за Тетово.
Ова се проекти што живот значат за Тетово и ќе бидат наш прв приоритет, затоа што се целосно комплементарни со нашите заложби да изградиме држава без кал, држава со здрава животна средина и чист воздух. На ова мислиме кога зборуваме за Најдоброто. Затоа на 17 октомври дајте поддршка за број 12, за Хамдија, за Илија, за Најдоброто!„ повика Заев.