fbpx

Заев од Пробиштип: Ги носиме европските вредности дома, со поголема децентрализација, за повеќе пари за општините

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во рамките на изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ вечерва во Oпштина Пробиштип истакна дека изминатите четири години истовремено државата дома се развиваше и трга по вистинскиот евроатлантски пат.

„Денеска бев на Самит Брдо – Крањ, во Словенија, најважните претставници на Европската Унија, Меркел, Мишел, Борел, Фон дер Лајен, Санчез,сите европски лидери, дадоа поддршка и го поздравија успехот што Северна Македонија го постигна во последните четири години во речиси секоја сфера“, истакна Заев.

Тој нагласи дека нашата иднина е во ЕУ и тоа нема алтернатива.

„И покрај потешкотиите што Унијата во овој период ги има околу проширувањето, не се откажуваме од европската агенда, не се откажуваме од тоа европските стандарди и вредности да ги носиме дома“, порача Заев, додавајќи дека успеавме да влеземе во НАТО, ќе успееме и во ЕУ, тоа го заслужуваме.

Заев истакна дека меѓу европските вредности и стандарди е и поголемата децентрализација и повеќе пари за општините.

„Преку системска реформа ги зголемуваме средствата од дотациите од ДДВ и Данок на личен доход кон општините за двојно повеќе до 2024 година од 3 на 6%, што ќе ја зајакне фискалната децентрализација, ќе обезбеди повеќе пари за општините, тоа ќе значи повеќе пари за мерки и проекти што дополнително ќе влијаат врз локалниот развој“, нагласи претседателот на СДСМ Зоран Заев во општина Пробиштип.

Последни вести