fbpx

На државата и се потребни функционални институции, потребни се избори веднаш по спласнување на вирусот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ знае дека нема поважен приоритет од здравјето и животот на граѓаните и затоа нашиот став е дека парламентарните избори треба да се спроведат во првиот момент кога ќе ја совладаме епидемијата. Соочени со фактот дека епидемиолозите научно дискутираат дека е можно повторно да се појави вирусот, а потоа одново да има голем број заразени, неопходно е да се искористи првата можност по спласнување на здравствената криза затоа што тоа е одговорно пред граѓаните.

Како сериозна партија, СДСМ нема да ги остави граѓаните во неизвесност и со оправдувањет дека имаме здравствена и економска криза, да бега од избори. Напротив, имаме сериозна намера во текот на јуни, доколку здравствените и стручните работници дадат дозвола, да организираме избори кои им се неопходни на државата и на граѓаните.

Државата не смее да влезе во целосна уставна криза. Комплетните рокови за актуелниот мандат на пратениците истекуваат на 11 декември и потоа следува криза која не е обработена во Уставот. 

Оттаму, имајќи ги предвид сите информации и аргументи за здравствената криза, СДСМ смета дека при првото олабавување од корона вирусот неопходно е да се организираат избори. Постојат примери во регионот и во Европа каде што политичките партии веќе закажуваат датуми за избори во текот на јуни. За разлика од другите држави ние имаме дополнителни причини  да одиме на избори, немаме парламент и немаме политичка Влада, туку само техничка.

СДСМ повикува изборниот процес, кога ќе се создадат услови, да продолжи онаму каде што е застанат. Партиите имаат поднесено листи со кандидати за пратници, а завршени се и други процедури.
 
Затоа СДСМ ги повикува сите политички субјекти да не ја ставаат државата во ризик и да предизвикаат дополнителна уставна криза, туку да покажат одговорност и да го прифатат првиот можен рок за избори, кој најверојатно би  бил кон средината на јуни.

Покрај опасноста од нов бран здравствена криза на есен, изборите се неопходни и поради економската ситуација. Колку побрзо државата има легитимно избрана влада толку економските последици ќе бидат помали. Со избори во јуни се прават напори економската криза да биде совладана во што пократок период.  

Последни вести