Соопштение за јавност- реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се во паника поради недовербата што граѓаните ја имаат во нивните лажни политики.
Приземно политичко профитерство е Мицкоски да се обидува да ја навлекува дебатата за избори како избор меѓу живот и смрт.
Не е крај на светот ако заврши неговата политичка кариера. Конечно, Мицкоски мандатар нема да биде никогаш, како што никогаш СДСМ нема да повлече потег спротивен од интересите на граѓаните.
Граѓаните го препознаваат деструктивното однесување на Мицкоски за време на пандемијата. Најпрво се потсмеваше со кризата, потоа лажеже дека нема доволно тестови, лажеше дека имало 140.000 граѓани кои останале без работа и неосновано ширеше паника.
Затоа, зад неговата лажна грижа за здравјето се крие уплав од избори. Мицкоски беше на погрешна страна за време на кризата и за тоа следува казна од граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски изминатиов период на дело ја покажаа нивната лажна грижа за здравјето на граѓаните, како и лажната грижа за економската состојба на државата.