Соопштение за јавност
„Изградба на нова градинка во Општина Ранковце, нов водоводен систем во село Псача, подобрување на осветлувањето и „Паметна општина“ се само дел од проектите кои ќе бидат реализирани со новиот градоначалник на Општина Ранковце, Даниел Крстевски“, истакна Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ, кој утрово оствари средби со жителите на Општина Ранковце.
„Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секојa општина, во секој град и во секое село“, рече Спасовски и ги повика жителите на 17 октомври да гласаат за кандидатот на СДСМ и коалицијата„Најдоброто за мојата општина“.
„Ќе победиме за најдоброто, Ранковце го заслужува најдоброто“, им порача Спасовски на жителите на оваа општина.