fbpx

Голем е стравот во ВМРО-ДПМНЕ штом мислат дека скандалот со парцелите кој води до нивниот кандидат може да се заташка со нова лага

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очајното ВМРО-ДПМНЕ рипна да го брани градоначалникот на Сопиште Стефче Трпковски за аферата со парцелите во Соње, а кога криминалната дружина од Белата палата излегува да брани веднаш е јасно дека нешто е матно.

Нивната одбрана не се состои од факти и аргументи, туку од лаги, невистини и конструкции на сметка на пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, за кои треба да се извинат.

Нивните лаги за имотот што го поседува Каевски и неговото семејство, дека наводно е стекнат во време кога тој врши државна функција, се демантирани со документирани докази, а имотот е уредно пријавен во анкетниот лист.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека ни после шест порази на избори не ја научи лекцијата дека лагите не им поминуваат кај граѓаните, уште од времето на Никола Груевски.

Немаат што друго што да им понудат на граѓаните, освен лажни вести, дезинформации и обиди за дискредитација.

ВМРО-ДПМНЕ е уплашено, знаат дека ги очекува уште еден пораз од граѓаните, па затоа очајно се обидуваат да си најдат алиби за дебаклот што ги очекува на 17 октомври.

Последни вести