fbpx

Николоски од Крушево: Реализиравме над 6 милиони евра проекти во изминатите четири години, имаме конкретна понуда за наредниот мандат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со СДСМ, Крушево е на вистинскиот пат. Реализиравме над 6 милиони евра проекти во изминатите четири години, имаме конкретна понуда за наредните четири години, истакна вечерва во Крушево носителот на советничката листа за општина Крушево на СДСМ и Коалицијата, Андреј Николоски.

Тој нагласи дека во изминатите 4 години советот одигра важна улога во проектите кои се реализираа и најави дека дека заедно го продолжуваат патот која го започнаа градоначалникот Томе Христоски и СДСМ.

Ние како мнозинство во советот и градоначалникот ќе носиме важни одлуки за граѓаните и ќе реализираме проекти во и вон изборната програма, истакна Николоски, додавајќи дека програмата за овие избори е извонредна.

Меѓу позначајните проекти планирани за наредните 4 години, Николоски ги издвои реконструкцијата на домот на култура, доградбата на секундарната водоводна мрежа, воведување услуга за собирање на отпад во населените места.

Нашите проекти се базираат на постоечката состојба и анализи и разговори со граѓаните, нудиме реалност и тоа ќе го реализираме во наредните 4 години, не нудиме нешто што не можеме да реализираме, како што ДПМНЕ нуди брда и долини, односно предлози кои знаат дека не се остварливи, рече Николоски.

Граѓаните не забораваат како живееле под локална и централна власт до 2017-та година. Тогаш немавме проекти. Имавме само закани, уцени, притисоци, а во октомври 2017 година добивме отворен градоначалник, кој ја отвори општината за сите, заради тоа и заради сите проекти, сите решени проблеми после вашето гласање во недела ќе добиеме убедлива победа во прв круг и убедливо мнозинство во советот, порача носителот на советничката листа за општина Крушево на СДСМ и Коалицијата, Андреј Николоски.

Последни вести