fbpx

ВМРО-ДПМНЕ бега од соочување со граѓаните, затоа што во борбата со пандемијата беше на погрешната страна

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ нема став за ниту едно важно прашање, во што јавноста, по кој знае кој пат се увери, со спротивставените ставови на врвот на опозициската партија, во врска со вонредната состојба во земјата.

Имено, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски се заложи за продолжување на вонредната состојба во земјата, со што го демантираше својот шеф Христијан Мицкоски, кој пред само една недела рече 30 дена вонредна состојба биле доволни.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ покажа крајно неодговорно и деструктивно однесување во клучните моменти од борбата против коронавирусот. Во таа борба ВМРО-ДПМНЕ беше на погрешната страна.

На почетокот на кризата тргнаа со потценување и исмевање на заканите по здравјето на граѓаните, па продолжија со секојдневните обиди за девалвирање на успешното справување со пандемијата со коронавирусот од страна на здравствените власти и ширење невистини и лажни вести, како таа дека во државата немало ниту 100 тестови, а илјадници граѓани се тестираа.

ВМРО-ДПМНЕ се свесни за ова и затоа бегаат од соочување со граѓаните. Затоа не сакаат функционално Собрание, ниту избори.

СДСМ ќе продолжи да се однесува одговорно и секој следен чекор ќе биде исклучиво во функција на сигурната иднина на граѓаните.

Последни вести