Соопштение за јавност
Победа на локалните избори е чиста победа по сите основи, поголем број градоначалници, вклучително и градот Скопје, каде живее 1/3 од граѓаните, вториот основ е бројот на советнички места нашата коалиција, во однос на нивната коалиција и на крајот вкупниот број на гласови, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Алсат телевизија.
Тој додаде дека Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, од 22 партии преводена од СДСМ на изборите, според истражувања ќе освои јасна победа.
„Во третата изборна единица, во источна Македонија ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ со 90 : 10, ќе победиме во Штип, Кочани Пробиштип, Берово, Виница, Делчево, Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.