fbpx

Димитријевиќ од Гази Баба: Бобан Стефковски бил осуден на казна затвор, таков човек не смее да ја води Гази Баба, граѓаните ќе го изберат „Најдоброто“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во своето обраќање на вечерашната трибина, носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата, Александар Димитријевиќ се осврна на понудата за Гази Баба на претстојните локални избори.

„Јас знам дека и овој пат ќе изберете општина која оди напред, наместо општина која тапка во место со години, ќе изберете градоначалник кој ги слуша потребите на сите граѓани, ќе изберете советници кои ќе бидат гласот на народот, ќе изберете тим кој има јасен план како се води една општина. Ние зад себе имаме дела и резултати. А што имаат другите? Што има ВМРО-ДПМНЕ да понуди? Стари потрошени кадри од времето на Груевски и режимот.

Мицкоски овде во Гази Баба за кандидат понуди човек кој е осуден на казна затвор. Денеска во медиумите се појави и пресудата за Бобан Стефковски кој бил осуден на казна затвор од три месеци заради продажба на дрога. Зарем на такви осудени лица ќе им дозволиме ни ја водат општината?

Не, почитувани граѓани, такви лица не можат да им служат на граѓаните и треба да се подалеку од парите на граѓаните. На Гази Баба и требаат чесни одговорни и посветени луѓе кои ќе работат за своите сограѓани. Стефковски не е еден од нив“, порача Димитријевиќ.

Димитријевиќ ги повика граѓаните на 17 октомври да заокружат број 12 за кандидатот за градоначалник Борис Георгиевски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата за Гази Баба да продолжи по патот на развојот.

„Горд сум што на листата која ја водам, во 27 луѓе е отсликан целиот концепт на едно општество за сите! Листата која што ја предводам има луѓе од урбаниот но и од руралниот дел, има еднаква застапеност мажи жени, има Македонци, Албанци, Роми, Срби, Бошњаци. Сите граѓани на Гази Баба ќе добијат свој квалитетен претставник во советот! Сето ова е нешто со што носителката на листа од ВМРО- ДПМНЕ не може да се пофали!

Затоа после 17-ти октомври, Борис Георгиевски ќе биде повторно градоначалник на Гази Баба, ама со големо мнозинство во Советот предводено од СДСМ и коалицијата. Ајде заедно да го избереме најдоброто за Гази Баба и за Градот Скопје.

Да дадеме голема поддршка за Петре Шилегов и советничката листа на градот Скопје. Да дадеме голема поддршка за Борис Георгиевски и нашата советничката листа за Гази Баба“ посочи Димитријевиќ.