Соопштение за јавност
„Затекнавме блокирани и крахирани општини од луѓето на Груевски. Со 50 милиони евра ги раздолживме општините, скративме на непродуктивни трошења и расипништво што го гледавме во претходните 11 години, ги кратиме привилегиите на функционерите, за да има повеќе пари за проекти за граѓаните, затоа што ние сме сервис на граѓаните, СДСМ вложува во развојот на општините, затоа што локалната економија е двигател на животот“, порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната средба со жителите на селото Црник, Пехчево.
„Уште на 17-ти октомври и село Црник и цело Пехчево ќе прати гласна и јасна порака за победа за градоначалник и за советничката листа, за бројот 12, и ќе продолжиме напред, а не назад. Да гласаме за Славчо Пандурски, за да ги продолжиме проектите, да продолжиме со нашата заедничка поддршка, со поддршката на централната власт, за да продолжиме да градиме училишта, мостови, патишта. Фактите говорат дека нема регионален пат што не е обновен, модернизиран не е асфалтиран. За четири години изградивме над 1.040 километри патишта, 60 градинки, 35 здравствени објекти, 80 училишта, домови на култура и многу капитални проекти коишто се од интерес на граѓаните. СДСМ не инвестира во жални врби, во стиропор, во барок. Тоа е минато и враќање назад нема, СДСМ инвестира во проекти за граѓаните, го слушаме секој и наоѓаме решение на секој проблем“, рече Николовски.
Кандидатот за градоначалник на Пехчево, Пандурски презентираше дел од проектите планирани за следните четири години , како што е изградба на водоводни мрежи за водоснабдување и одводнување, реконструкцијата на локалниот пат Робово – Умлена – Чифлик, регулација на делот од речното корито на Пехчевска Река, реконструкција на патот Пехчево – Равна Река и други.
Николовски посочи дека секоја инвестиција стратешки ќе се употреби за нови работни места и за повисоки плати за секого, а приходите за општините ќе се зголемат уште повеќе, затоа што народот ни живее во маалата, во селата, во градовите, и парите мора таму да ги насочуваме. „Има пари, а ќе има уште повеќе за општините, единствениот услов е општините, советите и градоначалниците да се транспарентни и отчетни и да не го кочат, да не го блокираат развојот на општината“, рече Николовски.
Развојот на општините, зависи од локалните совети, да гласаме за развој а не за блокади, за советници кои ќе бидат одговорни кон својот народ. На 17-октомври, да ја заокружиме иднината со бројот 12, да гласаме за „Најдоброто“ за Општина Пехчево, за Славчо Пандурски и за советничката листа.