fbpx

Царовска во Карпош: СДСМ гради сегашност и иднина, не смееме да дозволиме други да го кочат овој процес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, вечерва се сретна со жителите на Општина Карпош, со кои разговараше за реализираното во изминатиот период , но и за новите проекти, предизвици и очекувања од граѓаните.

„Во изминатите 4 години се работеше вредно и напорно во секоја општина во државата, секако со силна поддршка од централната власт. Оваа силна динамика што ја воспоставивме, мора да продолжи и во следниот мандат. Не смееме да дозволиме никој друг да ни ги кочи процесите и проектите кои ги спроведуваме, а кои се исклучиво во интерес на граѓаните“, рече Царовска.

Потпретседателката истакна, дека изминатиот период се реализираа проекти и процеси кои се од огромно значење за децата, младите, но и за секој граѓанин.

„Во населба Бардовци изградивме целосно нова градинака со капацитет за 78 деца, со вкупна вредност од над 28 милиони денари.

Одговоривме на барањата на родителите и изградивме целосно нов објект во градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе, но и го реконструиравме постојниот објект за што инвестиравме вкупно 17, 6 милиони денари. Исто така, во тек е изградба на градинка во Карпош 3, со капацитет за 100 деца’’, рече Царовска.

Дополнително, во сите 10 основни училишта во Карпош се опремуваат кабинети по природни науки, но и сите, 10 улилишта се обезбедени со сензорни соби, а од оваа учебна година на располагање на учениците со попреченост од Општина Карпош се и 30 образовни асистенти, за првпат вработени преку Буџетот на МОН. Царовска посочи дека не изостанува и грижата за младите и за студентите. Со 157,2 милиони денари, е завршена адаптација и санација на на блоковите В и Г од Студентскиот дом Гоце Делчев.

„И не треба да продолжам да кажувам што е најдоброто и кој покажува вистинска грижа. Тоа го гледаме секој ден, го чувствуваме во позитивните промени. Затоа ве повикувам на 17 октомври да го заокружите бројот 12 и да гласате за Душко Весковски и кандидатската листа на СДСМ и коалицијата. Гласајќи за „Најдоброто за мојата општина“, обезбедувате, континуитет на позитивните промени и за подобар живот на сегашните и идните генерации во Карпош“, рече Царовска.

Последни вести