fbpx

Матески: Со број 12 за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, општина Гостивар конечно ќе тргне напред, ќе го добие Најдоброто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со расипничкиот тандем ВМРО-ДПМНЕ и АА општина Гостивар секојдневно тоне, нив не ги интересира зеленило, животна средина, чист воздух, нив не ги интересира модерна инфраструктура, нив не ги интересираат граѓаните, тие се водат само од сопствените себични партиски интереси, истакна носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Гостивар Станиша Матески.

Тој додаде дека СДСМ не е дел од локалната власт во Гостивар, но советниците од СДСМ секој ден, херојски се борат и ќе продолжат да се борат против неправдите нанесени на Гостиварци, ќе се борат за подобар, почист, поразвиен и поубав Гостивар.

Иако не бевме дел од владеачкото коалиционо мнозинство, сепак се изборивме и реализиравме многу проекти со поддршка на Владата, предводена од СДСМ, истакна Матески, издвојувајќи ја реконструкцијата и обновата на интерното одделение, одделението за гинекологија, хируршкото одделение, како и набавка на нови и современи апарати во ЈЗУ општа болница „Ферид Мурат“ во Гостивар, изградбата на гасоводна линија до градот Гостивар, нова детска градинка со капацитет за сместување на 70 дечиња, во Горна Бањица, изградба на нова водоводна мрежа во градот Гостивар, реконструкција на повеќе регионални и локални патишта, нова спортска сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“.

Матески најави дека советничката листа на СДСМ и Коалицијата наредните години ќе се бори за реализација на многу проекти, меѓу кои и реконструкција на спортската сала „Младост“ со поставување на фотоволтаични панели, проширување и целосно реновирање на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“, реконструкција на сите детски градинки и изградба на нова градинка во населба Млаки, затоа што грижата почнува од најмала возраст.

Гостивар мора да биде град во кој младите ќе ја градат својата иднина, им го должиме тоа на сите млади, порача Матески и најави дека веднаш по преземањето на функцијата ќе биде поставен службеник за млади, што досегашниот градоначалник Таравари не го стори иако е обврзан со закон.

Советничката група предводена од СДСМ, ќе се залага за субвенции за електронски уреди за ученици од основното и од средното образование, кои се жители на Општина Гостивар, за субвенционирање на дел од патните трошоци на студентите што живеат во Општина Гостивар, за стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства, со цел создавање еднаква шанса за сите млади да можат да го остварат својот целосен потенцијал, без оглед на материјалната положба, истакна Матески.

Тој нагласи дека советничката група на СДСМ ќе се залага за конечно решавање на проблемот, односно дислокација на регионалната депонија и изградба на подземни контејнери, како и одржување и зголемување на зелените површини, за почиста и поубава општина, за чист воздух.

Сега е време да се избориме и за многу повеќе зелена површина, за многу повеќе пешачки и велосипедски патеки, истакна Матески и најави проект за целосно уредување на пешачката патека долж течението на реката Вардар, од Горни полог до с. Вруток, со дополнителен плански предвиден простор за вело патеки, соодветно раззеленети и осветлени, како и за многу повеќе детски игралишта, како и за реконструкција на руинираните улици во целото градско и приградско подрачје.

Нашите Гостиварчани и Гостиварчанки заслужуваат за Градот да се грижат лица кои не се водат од сопствените себични, и лични интереси, затоа во недела заокружете го бројот 12 да го изберете најдоброто на нашата општина, за нашиот Гостивар, затоа што Гостивар, како град на пример за соживотот заслужува конечно да тргне напред, повика носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Гостивар Станиша Матески.

Последни вести