fbpx

Битиќи од Гостивар: Во недела на 17 октомври да гласаме за градоначалници и советници кои ќе соработуваат, а не кои ќе блокираат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ во изминатиот период покажа дека се грижи за државата, за општините, за граѓаните, економијата ни остана стабилна во најтешките моменти за време на пандемијата, така и ќе продолжиме, пари има кога се работи домаќински – на сите на кои ќе им треба помош, државата ќе им помогне, порача потпретстедателот на СДСМ Фатмир Битиќи вечера на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ во Гостивар.

Битиќи истакна дека изминатите четири години СДСМ создаде услови за економски развој, за раст на платите и пензиите, подобрување на животниот стандард, за зголемување на субвенции, за инвестиции во инфраструктурата, во здравството, во образованието и детската заштита,

Минималната плата во 2017 година беше 8-9 илјади денари, а за три месеци ќе биде 18.000 денари, ќе расте и просечната плата и во текот на нашиот мандат ќе се искачи на 34.000 денари, истакна Битиќи и најави дека 2022 година ќе биде година на младите.

Од 2022 година државата ќе ги покрива придонесите за нововработените млади, ќе има и плус стимулации, уште повеќе ќе ја намалиме младинската неваботеност, ВМРО-ДПМНЕ ја остави на 42%, ние ја намаливме на 29%, со новите мерки ќе ја донесеме на ниво под 25%, порача Битиќи.

Тој нагласи дека за СДСМ секој еден граѓанин е важен и секој еден граѓанин заслужува еднакви шанси за развој.

Сакаме дома, во нашиот Гостивар граѓаните да ја гледаат својата иднина, токму затоа за нас регионалниот економски развој е врвен приоритет, изминативе 4 години работевме и сработивме многу, секогаш може подобро и повеќе, но важно е што имаме јасен патоказ како треба да се развиваат општините, државата, истакна Битиќи.

Тој ги повика граѓаните во недела на 17 октомври да гласаа за градоначалниви и советници кои ќе соработуваат, а не кои ќе блокираат, да не им дозволиме за пуста партиска превласт да го кочат развојот.

Развојот на општините зависи од локалните совети. Тие се оние кои се будното око за работењето на општините. Тие ќе даваат предлози и иницијативи според Вашите потреби, ќе се грижат општината да се развива и да биде пријатно место за живеење. Затоа гласајте за бројот 12 и советничката листа на СДСМ и коалицијата во Гостивар на чело со нашиот Станиша Матески, повика потпретстедателот на СДСМ Фатмир Битиќи во Гостивар.

Последни вести