Соопштение за јавност
Концептот на GAME CHANGE е континуитет на нашата респонзивност кон граѓаните, до сега многу пати сме покажале како се менуваме, ние дури и закони сме промениле, даночни политики сме смениле, се по укажување на граѓаните, порача вечерва во интервју во Дневникот на Сител телевизија, претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Заев потенцираше дека тој концепт значи алатка која ќе овозможи побрзо и поефикасно решавање на проблемите на граѓаните пред институциите на локално и централно ниво.
„Ова значи алатка која што веќе е вградена во многу развиени земји, кои се понапредни во дигитализацијата од кај нас, транспарентен систем каде што се гледа буквално, он-лајн директно каде тоа свети црвената светилка заради тоа што поминале по закон утврдените денови за постапување по барањето на граѓаните.
Секое адресирано барање од граѓаните, идеја, потреба која што ја има директно да го обележиме со црвено, жолто, зелено и да се знае каде чека предметот. Со самото сигнализирање тоа ќе значи ефикасност на добивањето на одговорот и адресирање на самата институција за преземање на дејствија кон самиот одговор и решавање на прашањето, проблемот или за било што се обратил граѓанинот пред самата институција. И тоа и на локално ниво и на централно ниво.
Тоа ќе ја зголеми многу ефикасноста и верувам дека многу поуспешно ќе адресираме проблеми. И ќе адресираме вакви прашања…ако си подготвен со цел свој капацитет, буквално секој ден, секоја недела, секој час, секој момент додека да правиме притисок за поголема ефикасност за исполнувања на сите барања, со тоа ќе го зголемиме и севкупниот економски и секој друг капацитет на државата, дефинитивно граѓаните бараат ефикасност во испораките на нивните потреби.“ порача Заев.