fbpx

Буџетот за 2022 е развоен, ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите се вложуваат во капитални проекти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите од Буџетот се користат за реализација на капитални инвестиции важни за економскиот раст.

Трајко Славевски беше жесток противник на зголемување на минималната плата, а денес е против Буџетот за 2022 година, кој е развоен и носи многу повеќе пари за капитални инвестиции.

Во Буџетот за 2022 година, капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит и изнесуваат 37,8 милијарди денари, што е за околу 27% повеќе во однос на 2021 година.

Средствата ќе бидат наменети за реализацијата на инфраструктурните проекти и вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

ВМРО-ДПМНЕ партијата која 11 години ја задолжуваше државата за споменици, договорени тендери, палми и жални врби денес глуми загрижена опозиција, а со години наназад кочеше проекти како поголеми плати и пензии, зголемени субвенции, поврат на ДДВ и слично кои обезбедуваа повеќе пари кај граѓаните.

Не е непознат таквиот лицемерен и неодговорен однос на партијата чија единствена цел е да работи против интересите на граѓаните и државата.

Последни вести