Соопштение за јавност
СДСМ дава безрезевна поддршка на новинарите и медиумските работници кои покрај здравствените работници, полицајците и војниците се најизолжени на закана од коронавирусот.
Во овој период навременото и точно информирање е од особена важност за здравјето на граѓаните и затоа им благодариме на медиумските работници кои иако под ризик, храбро и одговорно ја вршат својата работа.
Благодарение на нив и нивната посветеност граѓаните се точно и навремено информирани за мерките и препораките кои значат поголема заштита од коронавирусот, а тоа е од непроценлива вредност.
Согласно протоколите и новнастанатата состојба со уредникот на еден национален медиум, претседателот Зоран Заев е веќе во самоизолација, без симптоми и во добра здравствена состојба и денеска изврши тестирање за присуство на вирусот Ковид 19, по што се очекуваат резултатите и следните чекори.
Апелираме до целата јавност доследно и бескомпромисно да ги следат мерктие и задолженијата од институциите, сите да дадеме придонес во спречување на ширењето на вирусот кој не бира кого ќе нападне.
Уште еднаш им благодариме на новинарите, на лекарите, медицинските лица, полицајците, пожарникарите, војниците и сите оние кои се на услуга на граѓаните им посакуваме добро здравје.