fbpx

Костадиновска Стојчевска: Мнозинството на Мицкоски не постои, државата продолжува по патот на напредокот со зголемено стабилно мнозинство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „Објектив“ на НТВ истакна дека на 11 ноември се виде дека долгонајавуваното мнозинство на Христијан Мицкоски и те како не постои.

Сите шпекулации паднаа во вода, дека пратениците од СДСМ не биле присутни и дека им биле одземени мобилните телефони, дека колегата Кастриот Реџепи бил киднапиран, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека самиот Реџепи ги расчисти шпекулациите и соопшти дека не бил киднапиран, туку не сакал да придонесе за државата да се враќа назад

Се покажа дека мнозинството пратеници е за прогрес, за продолжување по патот на напредокот, по патот кон евроатлантските интеграции, дека нема да дозволат државата да се враќа назад, туку дека се определени да останеме на овој пат, што го има трасирано оваа влада на чело со претседателот Зоран Заев, нагласи Костадиновска Стојчевска.

СДСМ ја има владата, најавената реконструкција е здрав, демократски процес, и логичен чекор, откако министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и 2 заменици министри дадоа оставки, рече Стојчевска Костадиновска, додавајќи дека тоа нема врска со оставката на претседателот Заев, која со одлука на ЦО е одложена и процесот се запира на одреден период за да продолжат започнатите процеси.

Таа додаде дека по дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ со мнозинството, претседателот Зоран Заев упати порака до сите што сакаат да бидат дел од оваа влада, да продолжат евроатлантските интеграции и напредокот.

Иако ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Преспанскиот договор е реалност, прво се зафатија со негово кршење, со заклетвите на советниците во повеќе општини, се зафатија и со отстранување на двојазични табли, зар не му кажаа на членството дека пратениците секој први земаат плата од Република Северна Македонија, рече Костадиновска Стојчевска.

Во врска со евроинтеграциите, Костадиновска Стојчевска изрази оптимизам дека постои голема шанса, она што ни беше ветено да се одблокира, сега ЕУ е на потег.

Костадиновска Стојчевска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ, само декларативно се залага, а всушност не работи во интерес на граѓаните.

И покрај блокадите од опозицијата, парламентарното мнозинство на СДСМ успеа да донесе многу закони во корист на граѓаните, но се уште се блокирани многу клучни законски решенија, како законот за недела неработен ден, за минимална плата за трансформација на работните места на 4700 наставници на неопределено време, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека интересите на граѓаните треба да бидат програмска определба на секоја партија, а не само декларативна, како кај ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести