fbpx

Преземаме конкретни мерки, заштитуваме 250.000 работни места, помагаме на над 35.000 компании

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заштита на здравјето на граѓаните и ублажување на ударот врз економијата се наши приоротети во овие тешки времиња, кога  се соочуваме со пандемијата со коронавирусот.

 

Преку конкретни мерки го штитиме здравјето на граѓаните, но и спроведувамеи низа мерки за ублажување на ударот врз економијата.

 

Владата го усвои вториот голем економски пакет, вреден 200 милиони евра, што овозможува директна помош за сите кои се погодени од кризата – за работниците, за стопанството, за малите и средни претпријатија, за дуќаните, занаетчиите, за спортистите и уметниците и за сите граѓани кои се дел од неформалната економија.

 

Со овие мерки, во овие тешки времиња, ќе сочуваме најмалку 250.000 работни места и ќе им помогнеме на над 35.000 компании полесно да ја пребродат оваа здравствена и економска криза.

 

Преземаме суштински, ефикасни мерки и се грижиме за сите граѓани.

 

Ги кратиме сите непродуктивни трошоци, а во духот на солидарноста сите функционери на државно и на локално ниво во наредните два месеца ќе примаат минимална нето плата од 14.500 денари.

 

Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции, како и претседателите и членовите на Советите во општините, а кои се вработени, нема да примаат надомест за времетраење на кризата.

 

Во изминатите две и пол години, многу пати покажавме и докажавме дека знаеме и можеме да се справиме со сериозни предизвици, да носиме храбри одлуки за подобра иднина, за остварување на децениските цели-  членство во НАТО и отпочнување на преговори за членство со Европската унија, со што обезбедивме просперитетна иднина за граѓаните и државата!

 

Тоа ќе го докажеме и сега. Заедно, сплотени, со конкретни мерки ќе се справиме и со оваа тешка здравствена и економска криза.

 

 

Последни вести