Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не бележи никакви промени. Во Белиот дворец е присутна истата режимска матрица на Никола Груевски.
Вистински доказ за тоа е и враќањето на висока партиска функција на кумот на Груевски и поранешен министер за финансии Зоран Ставрески.
Истиот тој Ставрески во 2012 на црниот понеделник даде налог на собраниското обезбедување насилно да ги исфрли новинарите, а потоа и пратениците од собраниската сала.
Тој ист Ставрески како министер за финансии ја презадолжи државата за да се финансира проектот Скопје 2014, тој е истиот Ставрески кој беше десна рака на Никола Груевски во спроведување деструктивни економски политики.
Целата јавност имаше можност да слушне како Ставрески вели „Трошиме за чоколадо, а немаме ни за леб“, а денес, тој Ставрески ќе ја контролира работата и ќе им дава наредби на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова, за жал, значи дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ наместо да работат за граѓаните и исклучиво во нивен интерес, ќе работат за Ставрески и неговиот личен интерес.
Се појасно станува брзањето на Мицкоски да ја преземе власта. Под притисок на белагецот од Будимпешта во Белиот дворец се прават планови за негово враќање. По негова насока се враќаат неговите најблиски соработници на партиски позиции.
На нашата земја не е и потребно враќање во минатото, на Република Северна Македонија потребна и е интеграција со светските демократски текови.